Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа на пазарот. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година*.
Податоците покажуваат дека и мобилната и фиксната мрежа на Македонски Телеком се најбрзи на пазарот во споредба со конкуренцијата со резултат Speed ScoreTM од 76,8 за мобилната мрежа и Speed ScoreTM од 47,01 за фиксната мрежа. За брзината на мрежата, направени се 122.170 тестови за мобилната и 909.136 за фиксната мрежа.
Ookla® е светски лидер во анализа и тестирање на квалитетот и брзината на мрежата, а наградите Speedtest AwardsTM се резултат на длабинско шестмесечно истражување и анализа на тестови иницирани од корисниците, коишто се потврдуваат со апликациите на Speedtest®.
„Развојот и инвестициите во мрежата и новите технологии се наша примарна стратегија, а нашиот мотив е да им обезбедиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност. Горди сме на ова признание, особено затоа што доаѓа од корисниците, и ќе продолжиме со силен фокус на квалитетот и стабилноста на нашата инфраструктура за најдобро корисничко искуство.“ – истакна Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ. Супериорноста на мрежата на Македонски Телеком е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа денес е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура, со која покриваме 60% од домаќинствата, што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно.