Apple Pay наскоро достапен во Македонија?

- Advertisement -

По години исчекување, дигиталната платежна услуга Apple Pay конечно би можела да стане достапна и за корисниците во Македонија. Иако сè уште нема официјална потврда од Apple или од домашна банка, веќе неколку извори од банкарскиот сектор информираат дека се финализираат техничките подготовки и преговори за воведување на оваа услуга.

Како што пшренесува порталор Скопје 1 неофицијално Apple Pay во Македонија би можел да стартува веќе кон крајот на 2025 година. Првите банки кои се очекува да ја понудат услугата се дел од групации што веќе работат со Apple Pay во други земји од регионот, како Србија, Хрватска и Бугарија.

- Advertisement -

Apple Pay овозможува бесконтактни плаќања преку iPhone или Apple Watch, без потреба од физичка картичка. Со тоа, корисниците добиваат побрзо, посигурно и поудобно искуство при секојдневните трансакции.

Во очекување на официјалната најава, граѓаните веќе го изразуваат своето задоволство на социјалните мрежи, надевајќи се дека ова ќе биде уште еден чекор кон модернизација на финансиските услуги во земјава. Доколку сè се одвива според планот, Apple Pay би можел да стане активен во Македонија до декември 2025 година.

- Advertisement -

Фото – Heute.at

Сподели!
- Advertisement -