Фонтаната Ди Треви, еден од најпрепознатливите симболи на Рим и ремек-дело на барокната архитектура, привлекува илјадници туристи секој ден
Тоа е така не само поради нејзината убавина, која е дизајнирана и започната од Никола Салви и завршена од Џузепе Пањини во 1762 година, туку и поради популарната традиција на фрлање парички. Се верува дека фрлањето паричка носи среќа, исполнување на желбите и враќање во Вечниот град.
Денес, оваа позната фонтана собира над 3.000 евра дневно од паричките што туристите ги фрлаат во нејзините води. Годишно, оваа сума се проценува помеѓу еден милион и 1,5 милиони евра. Она што многумина можеби не го знаат е дека од 2001 година наваму сите собрани пари се пренасочуваат кон католички хуманитарен фонд. Овој фонд ги користи средствата за купување храна и финансирање на разни хуманитарни програми низ целиот свет. Секој ден по затворањето на фонтаната за посетителите, таа се празни, а парите се собираат.
Изградбата на фонтаната чинела 17.647 скуди, тогашната валута на Папските држави или од половина милион до 2 милиони денешни долари, зависно од тоа дали тие скуди биле сребрени или златни.
Првата голема реконструкција започнала во 2014 година и траешла речиси година и пол, благодарение на финансиската помош на модната куќа Fendi, која донирашла над два милиони евра за зачувување на римското културно наследство. Минатата година дополнителни 327.000 евра биле потрошени за нејзина реконструкција.
Според легендата, ако фрлите паричка преку левото рамо со десната рака, тоа ви гарантира среќа, исполнување на желба и најважно од се, враќање во италијанската престолнина. Оваа магична фонтана е овековечена и во култни филмови, што дополнително придонесе за нејзината глобална популарност.
(Kamatica)
(фото: Pexels)