Научници создадоа робот-канибал – се регенерира јадејќи други машини

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Колумбија развија робот кој може да се регенерира користејќи делови од други машини во својата околина. Овој робот, наречен Truss Link, работи на принципот на „роботски метаболизам“ – препознава, поврзува и користи делови од други роботи за да ги замени оштетените компоненти и да ги подобри сопствените функции.

Truss Link е составен од магнетни прачки кои му овозможуваат да ја менува формата од рамни површини до тродимензионални структури, прилагодувајќи се на својата околина. Кога недостасува дел, роботот може да користи друг уред, да го поврзе со себе и на тој начин да се регенерира.

- Advertisement -

Експертите веруваат дека оваа технологија би можела да најде примена во спасувачки мисии, истражување на океаните, па дури и во вселената.

Вистинската автономија значи дека роботите не само што можат сами да донесуваат одлуки, туку и физички да преживеат без човечка помош“, рече водечкиот истражувач, Филип Мартин Вајдер.

- Advertisement -

Во еден тест Truss Link користел дел од друг робот како патерица, постигнувајќи 50% поголема брзина.

Ваквите системи се комбинација од вештачка интелигенција и механика, што им овозможува на машините самостојно да се обликуваат и се се подобруваат. Научниците истакнуваат дека благодарение на развојот на технологијата за вештачка интелигенција, сега е можно да се програмираат вакви роботи без специјализирано инженерско знаење.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -