„Сити“ прогнозира раст на цената на златото од 3.500 долари за унца во следните три месеци

- Advertisement -

„Сити Банк“ ја зголеми својата прогноза за цената на златото за следните три месеци од 3.300 на 3.500 долари за унца (31,1 грама), а очекуваниот опсег на тргување на 3.300-3.600 долари (претходно 3.100-3.500 долари), објаснувајќи дека перспективите за економски раст и инфлација во Соединетите Американски Држави се влошиле на краток рок.
Се очекува загриженоста за инфлацијата предизвикана од американските царини да остане висока во втората половина од 2025 година, што, заедно со послабиот долар, ќе придонесе за умерен раст на цената на златото кон нови рекордни максимуми“, соопшти банката, според „Ројтерс“.

Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини за увоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир рече дека овие царини веројатно ќе останат на сила и нема да бидат ублажени како дел од тековните преговори.

- Advertisement -

Доларот ослабе минатата недела откако бројот на вработени во неземјоделскиот сектор се зголеми за само 73.000 во јули, додека јуни беше ревидиран надолу на само 14.000.

Ова ги поттикна надежите дека американската централна банка би можела да ги намали каматните стапки во септември, при што пазарите сега предвидуваат 81 процентна веројатност тоа да се случи, според алатката FedWatch на CME.

- Advertisement -

Citi, исто така, укажува на послабите податоци за вработеноста во САД во вториот квартал од 2025 година, како и на растечките загрижености за кредибилитетот на Федералните резерви и американската статистика. Покрај тоа, геополитичките ризици поврзани со конфликтот меѓу Русија и Украина остануваат високи.

Златото традиционално се смета за безбедно засолниште во време на политичка и економска нестабилност и обично бележи раст во средина со ниски каматни стапки. Citi проценува дека вкупната побарувачка за злато се зголемила за повеќе од една третина од средината на 2022 година, речиси двојно зголемувајќи ја цената до вториот квартал од 2025 година.

- Advertisement -

Растот на побарувачката беше поттикнат од силниот инвестициски интерес, умерените купувања од централните банки и стабилната побарувачка за златен накит и покрај повисоките цени, додаде банката. Цената на спот златото во понеделник наутро изнесуваше 3.356,88 долари за унца.

Фото- Pixabay

Сподели!
- Advertisement -