Црна Гора е прогласена за најбрзорастечки центар на милионери во светот, кои поради тековните вооружени конфликти и трговски војни се движат во потрага по подобри можности и финансиска стабилноти.
Црна Гора, со 2.800 милионери, сè уште заостанува зад многу други земји, но бранот на интерес делумно се должи на претходната инвестициска програма за добивање државјанство.
Географската положба на Црна Гора и нискиот даночен систем со единствена стапка на данок на доход и без данок на наследство или подарок, се истакнува во извештајот, ја направија оваа земја привлечна за милионерите и нивното богатство.
Додека европските земји како Црна Гора, Малта и Полска бележат значително зголемување на бројот на милионери, другите делови од континентот се соочуваат со масовен егзодус на нивните најбогати граѓани.
Оваа година е прв пат во една деценија европска земја да се најде на врвот на глобалната листа по бројот на заминувања на милионери – Велика Британија, од каде 16.500 милионери ќе заминат оваа година.
Нивното богатство вреди околу 91,8 милијарди долари, што е пад од околу 9% во последните 10 години – делумно поради последиците од Брегзит, политичката несигурност и промените во даночниот третман на нерезидентите.
Оваа година околу 142.000 милионери во странство планираат да се преселат, оставајќи ги зад себе познатите луксузи како што се лондонските пентхауси и француските имоти.
(Bizlife)