Фолксваген бара субвенции од државата за продажба на електрични автомобили

- Advertisement -

Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, апелира до владата посилно да ја поттикне продажбата на електрични автомобили.
Јасен сигнал и насочена поддршка треба да помогнат во надминувањето на скептицизмот кај потрошувачите и зголемувањето на продажбата во тој сегмент“, рече шефот за продажба на Фолксваген, Мартин Зандер (Сандер).

Тој истакна дека повеќето електрични автомобили ги купуваат правни лица, кои исто така добиваат посебни бенефиции. Зандер зборуваше на одбележувањето на склопувањето на еден и пол милион целосно електрични автомобили во фабриката во Емден, која произведува само возила на батерии.

- Advertisement -

Слабата продажба на електрични автомобили продолжува да ја оптоварува автомобилската индустрија, која се бори со тешкотии.

„Германските производители го преспаа преминот кон електромобилност“, рече Франк Швопе, аналитичар на Берлинскиот универзитет за применети науки и мали и средни претпријатија. Според него, германските брендови тешко им пристапуваат на помладите и посовремените клиенти, особено во Кина, најголемиот пазар на автомобили во светот.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -