Во ЕУ, 42,5 % од струјата во првиот квартал била од обновливи извори: Данска на врвот по зелена енергија!

- Advertisement -

Во Европската Унија, во првиот квартал од оваа година, 42,5 проценти од произведената електрична енергија доаѓа од обновливи извори на енергија, објави денес Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ вели дека во споредба со првиот квартал од 2024 година, ова претставува намалување од 4,3 процентни поени, од 46,8 проценти.

Значителното зголемување на производството на електрична енергија од сончева енергија не беше доволно за да го компензира намалувањето на производството на хидроенергија и енергија од ветер.

- Advertisement -

Меѓу земјите од ЕУ, во првиот квартал од оваа година, Данска имаше најголем удел на обновливи извори во нето произведената електрична енергија со 88,5 проценти, по што следуваат Португалија (86,6) и Хрватска (77,3). Најмал удел на обновливи извори е забележан во Чешка (13,4), Малта (14,4) и Словачка (15,1).

Уделот на обновливите извори на енергија во нето производството на електрична енергија во 19-те земји од Европската Унија се намали во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот период во 2024 година, на што првенствено влијаеше намалувањето на производството на хидроенергија и енергија од ветер.

Најголеми падови се забележани во Грција (12,4 проценти помалку), Литванија (12) и Словачка (10,6).

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -