Идејата за оживување на брендот Yugo, кој беше симбол на едноставен и евтин автомобил, постои од 2008 година, кога производството во Крагуевац беше прекинато
Германскиот бизнисмен со српско потекло, Александар Бјелиќ, планира да воведе нова генерација возила под ова име веќе во 2027 година.
Иако проектот бара 1 милијарда евра само за развој на прототипот, Бјелиќ е оптимист и нагласува дека преговара со потенцијални инвеститори.
Најавени се два нови модели, чии прототипови наскоро ќе и бидат претставени на јавноста:
-Yugo Roadster: модел во размер 1:5, ќе биде претставен во септември во Минхен;
- Југо SUV: моделот ќе биде претставен во октомври во Њујорк.
Бјелиќ, исто така, најави развој на други модели, вклучувајќи хечбек со пет врати, кабриолет со четири седишта и миниван за комерцијална употреба.
Концептот на Yugo Roadster е создаден пред две години врз основа на цртежи од македонскиот дизајнер Дејан Христов. Неговата визија била да го зачува идентитетот на оригиналниот Yugo, но да го усогласи автомобилот со модерниот дизајн и технолошките трендови. Христов го замислил својот Roadster како поевтина алтернатива на спортските автомобили, визуелно слична на првата генерација на Tesla Roadster.
Тој вели дека неговата цел е да го привлече вниманието на инвеститорите и производителите, нагласувајќи дека Србија, поради својата прифатлива работна сила, може да го следи успешниот пример на Dacia.
(Kamatica)
(фото: Pixnio)