Зошто се повеќе луѓе изнајмуваат облека наместо да ја купуваат?

- Advertisement -

Сè повеќе потрошувачи низ целиот свет се свртуваат кон изнајмување облека наместо традиционалното купување, не само од модни причини, туку и од практичност и екологија.

Додека во минатото гардероберитњ беа полни со парчиња што би ги носеле само неколку пати, денес се поголем број луѓе избираат да позајмуваат облека за посебни пригоди или дури и за секојдневна употреба.

- Advertisement -

Според Times of India, овој тренд бележи значителен раст во последните години, особено кај помладите генерации, кои се свесни за еколошките предизвици и сакаат да ја намалат прекумерната потрошувачка. Покрај тоа, порастот на цените на луксузните брендови и глобалната економска несигурност дополнително ги мотивираат потрошувачите да бараат алтернативни решенија.

Платформите за изнајмување нудат широк спектар на избори: од вечерни фустани и деловни костуми до секојдневна облека и модни додатоци. Идејата е едноставна: плаќајте само за она што го носите, кога ви е потребно. Ова го намалува акумулирањето облека во плакарот, но исто така создава можност да експериментирате со различни стилови без голема инвестиција.

- Advertisement -

За многумина, ова е исто така начин да се биде во чекор со најновите трендови без да се трошат илјадници евра за парчиња што излегуваат од мода по една сезона. Еколошкиот аспект е исто така силен мотив. Cпоред Обединетите нации, модната индустрија е одговорна за околу 10% од глобалните емисии на јаглерод диоксид, па затоа изнајмувањето се смета за дел од решението.

Интересно е што овој тренд не го прифаќаат само поединци. Сè повеќе компании влегуваат во секторот за изнајмување облека, нудејќи бизнис модели слични на Netflix – претплатете се и менувајте ја вашата гардероба кога сакате. Овој концепт е веќе популарен во САД, а сега се шири во Азија и во Европа.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -