Познатиот француски моден бренд Lacoste, основан пред речиси 100 години од познатиот тенисер Рене Лакост, одлучи привремено да го промени своето препознатливо лого со крокодил.
Наместо тоа, во новата колекција ќе има друго животно, а причината е големата почит кон Новак Ѓоковиќ.
Во новата линија на облека, која ќе биде лансирана по повод претстојното Отворено првенство на САД, наместо крокодил ќе се појави коза. Ова животно на англиски се нарекува „GOAT“, што е и кратенка за „Greatest of All Time“. На овој начин Lacoste сака да покаже почит кон Новак Ѓоковиќ и официјално да го прогласи за најдобар тенисер во историјата.
„Неговиот успех до денес е легендарен – тој ги собори сите рекорди и ги оствари најголемите соништа. Од 2017 година досега Lacoste гордо го поддржува најголемиот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ“, се вели во соопштението на брендот.
Со 24 освоени титули на Гренд слем, Ѓоковиќ стана глобална спортска икона, а Лакост нагласува дека неговите успеси се повеќе од само статистика – тие се пресвртница засекогаш врежана во спортската историја.
Новата колекција ќе биде ограничена и претставува посебен почит кон кариерата на српскиот тенисер.
(Kamatica)
(фото: Flickr)