Октомври можеби не ви изгледа како месецот кога би планирале да одите на море, но токму тогаш можете да најдете добра можност за патување. Билетите и сместувањето обично се поевтини отколку во текот на летото, а на некои места е сè уште доволно топло за пливање и уживање.
Помалку гужви, попристапни цени и помирна атмосфера го прават овој период совршен за оние кои сакаат да го откриваат морето на поинаков начин. Исто така, има понуди во туристичките агенции за море во октомври, но се чини дека ако сами фатите евтини авионски билети, можете да одите многу поевтино отколку што сте планирале.
Ница
Една од крајбрежните дестинации во октомври е секако Ница. Во овој период, температурата во Ница е околу 20 степени, па затоа е идеална за уживање на море.
Малта
Следната дестинација на која можете да одите во октомври со авион е Малта. Во ова време од годината, температурата на воздухот е околу 24 степени, а температурата на водата е приближно иста.
Барселона
Многу луѓе сонуваат да ја посетат Барселона, па во октомври дефинитивно можат да го сторат тоа. Во Барселона температурата на воздухот е убава до ноември, па во овој период можете да очекувате околу 26 степени и безбедно пливање во морето.
Аликанте
Сега е можноста да одите таму за „малку пари“ со нискобуџетни те авиокомпании. Како и во Барселона, температурите таму се многу убави во овој период, па ќе можете малку да се сончате на 25 степени.
Кипар
Кипар е генерално популарна дестинација за одмор во октомври, па ова може да биде најдобриот „улов“, бидејќи таму е навистина лето и ќе ги избегнете големите гужви што се таму во текот на сезоната. Вреди да се оди, бидејќи таму ќе уживате во температура од 27 степени.
(Bizlife)
(фото: Needpix)