Шведската влада планира привремено да го преполови ДДВ-то за храна

- Advertisement -

Шведската влада планира да го преполови данокот на додадена вредност (ДДВ) за храна на шест проценти во предлогот за буџетот за 2026 година за да им помогне на домаќинствата и да ја зајакне економијата.
Вицепремиерката Еба Буш изјави дека намалувањето на ДДВ ќе биде привремено, од април 2026 година до декември 2027 година.

„Оваа реформа ќе им помогне на домаќинствата кои имаа најтежок период“, рече Буш на социјалната мрежа X, објавува списанието ESM во текстот In store.
Минатата недела, десничарската коалициска влада објави дека нејзиниот буџет за 2026 година, изборна година, ќе вклучува 80 милијарди шведски круни (околу 7,3 милијарди евра) нефинансирани мерки за поттикнување на економијата.

- Advertisement -

Предлог-буџетот ќе биде доставен до парламентот на 22 септември. Се очекува да вклучува намалување на данокот на доход и данокот на добивка, заедно со зголемени трошоци без покритие. Владата предвидува раст на БДП од 0,9 проценти во 2025 година и три проценти во 2026 година.

Според прелиминарните податоци од Статистичката служба на Шведска, стапката на потрошувачка инфлација (CPI) во август 2025 година изнесувала 1,1 процент, што е зголемување во споредба со јули кога инфлацијата изнесувала 0,8 проценти.

- Advertisement -

Според индексот CPIF (индексот на потрошувачки цени со фиксна каматна стапка, кој го користи Риксбанк како целна мерка за монетарната политика), инфлацијата се зголемила од три проценти во јули на 3,3 проценти во август.

(B92)
Фото – Picryl

Сподели!
- Advertisement -