Научници открија во кое време од денот сме најпаметни

- Advertisement -

Дали сте забележале дека во одредени делови од денот работите побрзо, размислувате појасно и полесно се фокусирате? Ова не е случајност, туку последица на нашиoте внатрешeн биолошки ритми, таканаречените циркадијални циклуси. Тие влијаат на тоа кога нашиот мозок и тело функционираат најдобро.

Без оглед на тоа дали сте млади или стари, утринска личност или ноќна птица – секој ден поминувате низ разни „тестови“. Понекогаш тоа се испити, но почесто важни разговори, состаноци или донесување одлуки.

- Advertisement -

Ретко размислуваме кога е најдобро да завршиме клучни задачи – и тоа е грешка, според студија објавена во списанието Frontiers in Psychology.

Научниците ги анализирале резултатите од повеќе од 100.000 усни испити на италијански универзитет и пронашле јасен образец: најголем број положени испити е забележан напладне, без оглед на хронотипот на студентите.

- Advertisement -

Времето помеѓу 11 часот наутро и 13 часот се покажало како идеално. Порано или подоцна од тој период шансите за положување на испитот значително се намалуваат. Колку подалеку од тоа време бил тестот, толку помала била веројатноста да се положи.

Делумно, причината за тоа е што когнитивните способности достигнуваат врв наутро, а потоа опаѓаат попладне. Падот на нивото на енергија, исто така, игра улога. Ако имате закажано тест за доцна попладне, поголема е веројатноста да бидете под стрес во текот на целиот ден, а стресот неизбежно води до послаби резултати.

- Advertisement -

Лицето кое ве оценува, исто така, влијае на исходот. Научниците велат дека постепеното опаѓање на перформансите попладне може да се објасни со исцрпеност: и кај студентите и кај оние кои ги оценуваат. Заморот и стресот ја нарушуваат самоконтролата и ја зголемуваат веројатноста за негативни одлуки. Истражувањата, на пример, покажуваат дека судиите кои се исцрпени имаат поголема веројатност да донесат неповолни пресуди за обвинетите.

Врвните перформанси околу пладне веројатно го одразуваат оптималниот баланс помеѓу личниот хронотип (утринска личност или ноќна птица) и нивото на ментален замор. Особено е интересно што когнитивните перформанси на лицето кое ве оценува, исто така, имаат еднаква тежина.

Друга студија откри дека затворениците кои се појавиле пред своите одбори за условна слобода рано наутро биле одобрени во околу 70% од случаите. Како што одминувал денот, стапката на поволни одлуки драматично се намалувала, со краток скок веднаш по ручекот, а потоа паѓала на речиси нула.

Сето тоа сугерира дека пладневните часови се најдобро време за извршување на важни задачи. Тогаш сте на врвот, како и оние што ве оценуваат.

Затоа, секогаш кога е можно, внимателно изберете го времето за испити, важни состаноци, интервјуа за работа или презентации пред инвеститори. Вистинскиот тајминг може да биде клучот за вашиот успех.

(Buzlife)

(фото: Aqua Cloud)

Сподели!
- Advertisement -