Zebra Fuel е стартап од Лондон кој сака да ги поштеди луѓето од возење до бензинска станица и чекање ред за да го наполнат резервоарот на автомобилот со гориво. Наместо тоа, корисниците на нивните услуги треба само да ја симнат нивната апликација, да изберат во кое време сакаат да им се наполни резервоарот, да ја внесат локацијата на автомобилот и Zebra Fuel ќе донесе квалитетно гориво на самото место. Доколку не можат да бидат присутни за време на полнењето, корисниците треба само да го заклучат автомобилот и да го остават отворено капачето од отворот за гориво.
Иако услугите на компанијата се ограничени на локации во рамките на Лондон и засега нудат само 5% биодизел, од Zebra Fuel велат дека нивните цени се доста конкурентни, а понекогаш и пониски од тие на бензинските станици, пренесува PSFK.