Учениците од 17 училишни центри на Helen Doron English во Македонија постигна исклучителен успех: сите ученици кои полагаа Cambridge испити оваа година – 100% – успешно се стекнаа со сертификати. Над 200 деца од различни градови во земјата ја потврдија извонредноста на Helen Doron методологијата, а голем дел од нив постигнаа резултати над очекуваното ниво, добивајќи сертификати за повисоко Cambridge ниво.
Cambridge сертификати како доказ за супериорност
Cambridge English сертификатите се меѓународно признати и претставуваат еден од најважните стандарди за јазична компетенција во светот. Фактот што сите ученици од Helen Doron English во Македонија постигнаа успех и извонредни резултати, уште еднаш ја нагласува супериорноста на брендот и методот.
„Горди сме што 100% од нашите ученици успешно се стекнаа со Cambridge сертификати. Овој резултат е доказ за квалитетот на Helen Doron методологијата и посветеноста на нашите учители. Особено радува фактот што голем број ученици постигнаа резултати над нивото за кое полагаа – тоа зборува дека децата не само што се подготвени за испит, туку и вистински го владеат анлискиот јазик,“ – изјави Валентина Динова, Мастер франшизер за Helen Doron English во Македонија.

Што ја прави методологијата уникатна?
- 100% успешност на Cambridge испити
- Докажан систем во 40+ земји со 1.200 центри
- Природно учење преку иновативна методологија, музика, игри и позитивна стимулација
- Градење самодоверба и љубов кон јазикот од најрана возраст
- ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАЗИЧНИТЕ ВЕШТИНИ
Со Helen Doron English учениците го совладуваат англискиот јазик на начин што го прави природен дел од нивниот секојдневен живот. Преку постојана изложеност на јазикот во форма на игри, песни и интерактивни вежби, децата развиваат самодоверба во зборувањето, слушањето и разбирањето на англискиот.
- ГРАМАТИКА НА ПРАКТИЧЕН И РАЗБИРЛИВ НАЧИН
Со уникатниот Helen Doron метод, граматиката не е тешка и досадна. Таа се учи преку игри и забавни активности кои помагаат децата да ги разберат и применат граматичките правила без стрес. Ова го прави учењето полесно и поприродно, и создава цврста основа за понатамошно академско усовршување.
- БОГАТ РЕЧНИК И ТЕЧНА КОМУНИКАЦИЈА
Децата кои учат со Helen Doron English стекнуваат широк и богат речник, кој им овозможува да комуницираат течно и самоуверено на англиски. Тие развиваат чувство за јазикот кое им помага не само да зборуваат, туку и да пишуваат и читаат на високо ниво.
- РАЗВИВАЊЕ НА ДВОЈАЗИЧНОСТ
Helen Doron методологијата е идеална за развивање на двојазичност кај децата. Преку постојана практика и изложеност на англискиот, децата го учат јазикот како мајчин, што е огромна предност во денешниот глобализиран свет.
„Овој резултат не е само статистика – тоа е приказна за посветеност, труд и радост во учењето. Децата учат англиски јазик со леснотија, со задоволство и со љубопитност. Кога гледаме дека 100% од нив успеваат и постигнуваат извонредни резултати, знаеме дека инвестираме во иднина исполнета со можности,“ – изјави Јасмина Шилегова, Мастер франшизер за Helen Doron English во Македонија.

За Helen Doron English
Helen Doron English е глобално признат франшизен систем кој повеќе од 40 години создава генерации деца што течно и природно го зборуваат англискиот јазик. Со над 3 милиони ученици, повеќе од 5.000 наставници и присуство во 40+ земји, методологијата претставува синоним за квалитет и супериорност во едукативниот свет.
📌 Helen Doron English – таму каде што извонредните резултати се стандард, а 100% успех е реалност.
📣 Уписите се во тек!
Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија регистрирајте се за бесплатен ДЕМО час на овој линк: https://www.helendoron.mk/backtoschool-2025/
или пријавете се во еден од ХД училишните центри најблиску до вас:
Helen Doron Аеродром – 078 388 403
Helen Doron Центар – 071 293 613
Helen Doron Карпош – 078 297 949
Helen Doron Кисела Вода – 078 282 842
Helen Doron Капиштец – 070 984 435
Helen Doron Чаир – 072 206 622
Helen Doron Велес – 075 340 443
Helen Doron Битола – 075 232 778
Helen Doron Прилеп – 077 699 961
Helen Doron Охрид – 077 613 815
Helen Doron Штип – 078 757 455
Helen Doron Гевгелија – 078 220 391
Helen Doron Струмица – 071 242 476
Helen Doron Кочани – 071 314 499
Helen Doron Кавадарци – 075 448 873
Helen Doron Тетово – 075 277 615
Helen Doron Струга – 077 558 962