Цената на чоколадото низ целиот свет нагло се зголеми поради лошата жетва во Гана и Брегот на Слоновата Коска, најголемите светски производители на какао.
Според податоците на Евростат, цените во Европската унија во мај биле во просек за 21,1% повисоки од претходната година.
Најголем скок на цените на чоколадото е забележан во Полска, со зголемување од 39,1%, додека цените во Естонија се зголемиле за 37,9%, а во Литванија за 36,5%. Од друга страна, најблаги зголемувања на цените доживеале Луксембург (+5,2%), Кипар (+9,0%) и Италија (+12,0%).
Меѓународната организација за какао процени дека производството во сезоната 2023/2024 се намалило за околу 10% во споредба со претходната сезона. Главните причини се комбинација од лоши временски услови, болести на земјоделските култури во Западна Африка и климатските промени.
Поради падот на производството, цената на какаото, која порано се движеше помеѓу 2.000 и 3.000 евра по тон, достигна до 13.000 евра. Аналитичарите очекуваат таа да се стабилизира на околу 9.000 евра до крајот на годината.
Овој пад на производството доведе до дефицит во понудата на какао или разликата помеѓу побарувачката и понудата. Овој дефицит достигна 478.000 тони во сезоната 2023/2024, што е најголемиот недостиг во последните 60 години. Како резултат на тоа, зголемувањето на цените на какаото предизвика невидена инфлација и стави дополнителен товар врз производителите на чоколадо низ целиот свет.
(Kamatica)