Три децении знаење: Семос Едукација го осветли Скопје со незаборавна прослава

- Advertisement -

Во присуство на партнери, соработници, пријатели и претставници на водечки компании, вчера се одржа свечен настан по повод 30 години постоење на Семос Едукација под мотото „Знаење што менува“.

Вечерта започна со претставување на новиот бренд идентитет на Семос Едукација – симбол на континуираната трансформација и прилагодување кон современите трендови во образованието и технологијата.

- Advertisement -

Генералната директорка Валентина Тасева, во говор на сцена, ја истакна улогата на компанијата во градење дигитални вештини, кариери и бизниси низ изминатите три децении.

Настанот го збогатија и гостите од меѓународни партнери меѓу кои и Patrick Kersten, претседател на бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), кој ја нагласи важноста на Семос Едукација во глобалниот еко систем.

- Advertisement -

На 10 септември, како увертира во прославата, фасадата на Семос Едукација беше претворена во сцена за импресивно 3D лајт шоу, кое на креативен начин ја претстави приказната на Семос Едукација — од самите почетоци до денешната улога како водечки центар за дигитални вештини и AI во регионот.

Посебно воодушевување предизвика видеокомпилацијата со искуства од студенти, алумни и партнери, која ја пренесе емоцијата на триесетгодишната приказна. Во рамките на вечерта беа доделени и специјални признанија на компании за континуирана инвестиција во ИКТ едукација, партнерство за трансформација на вештини, иновации во сертификација и општествен импакт.

- Advertisement -

Награда за партнерство со трајни вредности на Стопанска банка АД – Скопје, 3 меѓународни награди за развој на дигитални вештини на Асеко Белград, А1 Србија, Рајфајзен Банка Албанија, Глобална награда за стратешко партнерство на Glasspaper од Норвешка, потоа партнери во AI едукација 2024/2025 за најиновативна примена на AI технологии и трансформација на деловни процеси на Support and Solutions и Македонски Телеком, Награда за најголемо инвестирање во ИТ едукација 2024/2025 на Халк Банка, Аптив и Алкалоид и награда за извонреден општествен придонес на Агенција за вработување на Северна Македонија.

Настанот продолжи со музички настап и неформално дружење.

Три децении сме доказ дека знаењето навистина менува – луѓе, кариери и цела заедница. Гордa сум што заедно со нашите партнери и студенти ја пишуваме оваа приказна,“ изјави Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација.

Семос Едукација уште еднаш покажа дека останува движечка сила во развојот на дигиталните компетенции и вештачката интелигенција како и лидер во трансформацијата на знаењето во регионот, со мисија да ја гради иднината преку знаење што менува.

Сподели!
- Advertisement -