Уметност на смелите одлуки – бесплатна работилница за млади претприемачи во Струмицаво организација на ПроКредит банка и ЕБОР

- Advertisement -

Во претприемништвото успехот ретко доаѓа по лесен пат. Секој бизнис сопственик се соочува со моменти кога мора да донесе одлука – дали да ризикува со нова идеја, да ја редефинира својата бренд стратегија или да најде најефикасен начин да реши некаков предизвик.

Токму затоа, „Уметност на смелите одлуки“ е темата на шестата бесплатна работилница од серијалот „ProBiz Superpowers“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР.

- Advertisement -

На 24 септември, младите претприемачи од Струмица и соседните градови ќе имаат можност да учествуваат на интерактивна работилница со Петар Лазаров, еден од најпознатите бизнис и бренд консултанти во Македонија. Настанот ќе биде динамичен, практичен и отворен за прашања, вежби и дискусии.

Програмата е поделена во три сегменти кои покриваат:

- Advertisement -
  • Претприемнички одлуки – како се носат храбри, но паметни одлуки во вистинскиот момент.
  • Стратегии за градење на брендот – стратешки пристап за брендовите кои сакаат да станат препознатливи и да освојуваат нови пазари.
  • Брзи консултации – уникатна можност учесниците да добијат конкретни насоки за сопствениот бизнис.

По работилницата, следува сесија за вмрежување каде учесниците ќе можат да разменат искуства и да градат контакти.

Петар Лазаров, кој ќе ја води оваа работилница, е консултант за бизнис, маркетинг, брендирање и продажба и стои позади брендовите MAMA’S –  традиционални рецепти што денес се продаваат во 40+ земји, NO BULL и B-GOOD FOOD Co. – македонски производи специјално за американскиот пазар, првпат претставени и во шоуто „Shark Tank“. Петар е и ко-основач на Sherlo P. Nomes – Бизнис и бренд агенција и ко-автор на TIP OF THE WEEK™, познатиот прирачник за личен и професионален развој.

- Advertisement -

Работилницата ќе се одржи во хотел Етерно во Струмица, на 24 септември, од 12:00 до 16:30 часот. Наменета е за млади претприемачи до 35 години кои можат бесплатно да учествуваат, но бројот на места е ограничен. Сите заинтересирани можат веднаш да се пријават преку следниот линк.

„ProBiz Superpowers“ е дел од програмата „Млади во бизнис” на ЕБОР, која во Македонија се реализира исклучиво преку ПроКредит Банка. Програмата има за цел да ги поддржи претприемачите до 35 години со финансии, експертиза и знаење потребно за развој и раст на нивните бизниси.

Програмата „Млади во бизнис” е поддржана од Европската Унија, Шведска – преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија – преку Централноевропската иницијатива и Луксембург – преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.

Сподели!
- Advertisement -