Принцот на Саудиска Арабија гради мост преку Црвеното Море, проект вреден четири милијарди долари. Новиот мост, наречен Мојсејов мост, ќе го поврзе Рас Ал Шеик Хамид во Саудиска Арабија со познатото египетско одморалиште Шарм Ел Шеик, преку островот Тиран.
И покрај фактот што египетската страна предложи во 2016 година структурата да се нарече „Мост на кралот Салман бин Абдулазиз“, јавноста го усвои неофицијалното име Мојсејов мост, поради симболичната локација каде што, според традицијата, Мојсеј го разделил морето.
Монументалниот проект за мост ќе биде долг 32 километри. Покрај тоа што физички ќе поврзува две клучни арапски држави, мостот ќе стане симбол на стратешки врски, архитектонска моќ и политичка визија. Од саудиска страна мостот ќе придонесе за спектакуларниот проект за развој на Неом, футуристички град вреден 500 милиони долари, кој е замислен како симбол на дигиталната, енергетската и еколошката револуција во срцето на пустината.
На египетска страна трасата ќе води до нова административна локација, на 45 километри од Каиро.
Овој трансконтинентален проект е клучна точка на Визија 2030, амбициозна стратегија на Саудиска Арабија за зголемување на туризмот. Бројот на саудиски туристи во Египет ќе се зголеми од 300.000 на над 1,2 милиони годишно, бидејќи патувањето ќе стане полесно и ќе трае околу 30 минути.
Како што истакна министерот за туризам на Египет, Камел Ел Верир, сè е подготвено за имплементација и се очекува мостот да стане чудо на светското инженерство, кое трајно ќе ги поврзува бреговите на Црвеното Море и две цивилизации. Проектот не само што го олеснува патувањето, туку претставува и нова архитектонска визија за регионот, каде што коегзистираат луксузот, технологијата и културното наследство.
Идејата за изградба на овој мост се разгледува уште од 1988 година, како можност за изградба, а идејата беше повторно активирана во 2016 година, со цел да се реализира.
(Bizlife)
(фото: Freerange Stock)