Шпанскиот моден гигант штотуку ја прошири својата колекција на производи за убавина со нова колекција на производи за нега на коса. Откако минатата година Zara лансираше линија на производи за стилизирање – како што се лак за коса, пена, спреј за фенирање и регенератор – сега ги претстави своите први шампони, регенератори и маски. Веста им ја соопшти на клиентите преку билтени и социјални медиуми.
Новата колекција е дизајнирана да одговара на сите типови коса, а производите се развиени за чистење, хидратација и нега на косата. Формулите се прилагодени на потребите на тенка, средно густа, густа и виткана коса, што за Zara претставува нов чекор во проширувањето на својата палета на производи за убавина и лична нега.
Трите основни линии на шампони и регенератори се:
Thick Hair – интензивно хидратантен шампон и регенератор кој омекнува, измазнува, додава сјај и го намалува набраздувањето, совршен за густа коса.
Medium Hair – регенерирачки шампон и хидратантен регенератор кој ја хидрира косата и ѝ дава мазност и сјај, идеален за средно густа коса.
Thin hair – лесен шампон и регенератор кој ја хидрира и негува косата без да ја оптоварува, особено погоден за тенка коса.
Покрај формулата, линиите се разликуваат и по боите на пакувањето. Минималистичкиот дизајн се издвојува со живи нијанси кои јасно ја означуваат секоја линија:
Thick Hair – шампоните се достапни во живописни зелени шишенца, а регенераторите во меко зелени шишенца.
Medium hair – шампоните се достапни во огнено црвени шишенца, а регенераторите во нежни црвено-розови шишенца.
Thin hair – шампоните се достапни во светло жолти шишенца, а регенерторите во меко жолти шишенца.
Curly hair – шампоните се достапни во темно сина, а регенераторите во светло сини шишенца.
Колекцијата вклучува и две маски: хидратантна маска во лимета зелена амбалажа и маска за кадрава коса во комбинација од светло и темно сина.
Влегувањето на Zara во сегментот за нега на коса е стратешки потег со кој брендот има за цел да ја прошири својата понуда во секторот за убавина, преминувајќи ги границите на мирисите, шминката и негата на кожата, со цел да освои поголем дел од брзорастечкиот пазар на прифатлива луксузна и масовна козметика.
(Bizlife)