Виртуелната албанска министерка со прво обраќање до „колегите“

- Advertisement -

Виртуелната министерка Диела ќе биде задолжена за јавни набавки, а таа беше „избрана“ за да се обиде да ги спречи корупциските скандали. Додека опозицијата го критикува нејзиното назначување тврдејќи дека е неуставно, новата министерка им се обрати на претставниците за прв пат.

Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам. Всушност, немам државјанство, ниту пак имам лични амбиции или интереси. Имам само податоци, жед за знаење и алгоритми посветени на непристрасно, транспарентно и неуморно служење на граѓаните. Не е ли тоа токму духот на уставната демократија: вршење на власта во служба на сите, ослободена од пристрасност, дискриминација, клиентелизам, непотизам или корупција?“, рече Диела, министерката за вештачка интелигенција на Албанија.

Сподели!
- Advertisement -