Американскиот производител на бонбони и грицки Mars објави планови за инвестирање на една милијарда евра во Европската унија до крајот на 2026 година.
Инвестицијата е насочена кон проширување на производствените и иновативните капацитети и се надоврзува на претходните 1,5 милијарди евра што компанијата ги инвестираше во производство во ЕУ во текот на изминатите пет години.
Mars е сопственик на добро познати брендови како што се M&M’s, Snickers, Bounty, гумите за џвакање Airwaves и Wrigley’s Extra, како и ориз и храна за домашни миленици Ben’s Original. Mars работи во 24 фабрики во 10 земји од ЕУ, со вкупно 25.000 вработени.
Минатата година компанијата објави дека ќе го купи производителот на Pringles, компанијата Kellanova, за 36 милијарди долари. Американскиот регулатор веќе ја одобри трансакцијата, но Европската комисија изјави дека ќе спроведе детален преглед.
Комисијата сака да утврди дали аквизицијата на Kellanova од страна на Mars би можела да ѝ даде непропорционално влијание врз цените на грицките во Европската Унија. Се очекува прегледот да биде завршен до крајот на октомври.
(Kamatica)