Нови Сад победник на Winter Bike To Work Day во Москва, Скопје пласиран на петтото место

- Advertisement -

Српскиот град Нови Сад победи на светскиот натпревар за град со најмногу луѓе кои во текот на зимата користат велосипед до работа или до училиште, соопшти Новосадската велосипедска иницијатива, а пренесува N1.

Нови Сад ги победил градовите како Денвер и Боулдер, но и Загреб, Скопје и финскиот Оулу. Се работи за пријателскиот натпревар Winter Bike To Work Day, кој трае веќе неколку години и се одбележува од велосипедистите ширум светот. Наградата ја добива градот чии граѓани се најактивни велосипедисти и кои ќе се пријават на истоимената веб страница.

- Advertisement -

Градот ги охрабруваше своите граѓани да се пријават со желба да се популаризира зимското возење на велосипеди.

Победникот беше прогласен на Конгресот на зимскиот велосипедизам во Москва. Нови Сад имаше пријавено вкупно 1.393 зимски велосипедисти за натпреварот, второпласираниот Денвер имаше 1.165, третопласираниот Боулдер 817, Загреб 621, Скопје 471 и Оулу 333 велосипедисти.

Сподели!
- Advertisement -