Кога првпат го земав Galaxy Z Flip7, искрено се почувствував како повторно да откривам мобилен телефон. По години користење „класични“ модели, одеднаш во рака имав уред кој е истовремено мал, елегантен и моќен. Компактен кога е преклопен, а импресивен кога ќе се отвори – овој телефон навистина го менува начинот на кој го доживувам секојдневието. Изгледа како моден детал, а функционира како мала моќна машина. Преклопен го собирам во џеб или во мала чанта без никаков проблем, а кога ќе го отворам – големиот FlexWindow екран од раб до раб ми дава чувство дека можам да завршам буквално сè што ќе посакам.
Првото вистинско „дружење“
Мојот прв сериозен тест со Galaxy Z Flip7 беше на патување во Крф. Таму најмногу се дружевме со камерата. Искрено, бев изненадена колку детално и природно ги фаќа нијансите на морето и карпите. Двојната задна камера со 50MP широкоаголна и 12MP ултра-широка леќа ми овозможи да фотографирам и дење и ноќе без грижа за квалитетот.
Посебно ме воодушеви ноќното фотографирање – нешто што отсекогаш ми било проблем. Со Nightography, фотографиите во темни услови изгледаат живописно и јасно, без и замаглување.



Кога сме веќе кај фотографиите и снимките направени со Galaxy Z Flip7 јас не сум голем љубител на селфи, но Real-Time филтрите даваат можност веднаш да видам како изгледа фотографијата и да ја усовршам. Zoom Slider пак овозможува да се направи совршено групно селфи со едно движење, а Dual Preview дава можност јас и тие што ги фотографирам во живо да ја видиме композицијата на FlexWindow без непотребни „ајде уште еднаш“ повторувања.
Моќ на екран што го прави животот полесен
Мојата секојдневна работа како новинар е преполна со пораки, известувања и обврски. Токму тука го почувствував значењето на големиот FlexWindow екран. Можам брзо да си направам to-do листа или потсетник и да ги проверам обврските со само еден поглед.
И уште нешто што ме воодушеви – видливоста на сонце. Со 2.600 nits светлина и 120Hz стапка на освежување, конечно можам да го користам телефонот надвор без да барам сенка. Тоа ми овозможува во од да завршам повеќе работа или барем да одговорам на пораките кои бараат брз одговор.



Galaxy Z Flip7 е најтенкиот Flip досега, а сепак делува исклучително цврсто. Мене особено ми се допаѓа тоа што изгледа елегантно и модно, а во исто време е доволно издржлив за да издржи и патувања и секојдневна употреба.
Моето секојдневие со AI
Вештачката интелигенција е веќе наше секојдневие, без разлика каков личен став имаме по однос на ова прашање. Брзото секојдневие и потребата од што побрзо завршување на обврските ја креира неопходноста од користење на AI која сега е софистицирано интегрирана во најновиот Самсунг уред Најмногу ја користам опцијата со Gemini AI преку гласовни команди, и тоа директно од покривниот екран, без отклучување.
Често го прашувам за временска прогноза, барам идеи за облека или пак го користам да ми додаде потсетник во календарот додека сум во движење. Со Gemini Live дури можам да покажам што гледам преку камерата и да добијам совет во реално време. Можноста за користење на вештаќка интелигенција со една рака го редефинира прашањето на продуктивноста и дава чувство на сигурност од страна на Galaxy Z Flip7.


Кога еднаш ќе го пробате Gemini Live, тој станува ултимативно искуство па и навика. Уживам додека се пакувам да го прашам гласовно Gemini за најновата временска прогноза за дестинацијата на која одам или за типот на обувки кој би бил најсоодветен. За мене добивањето информации од Gemini или додавањето ана некој потсетник во календарот без користење на тастатура е огромна придобивка која драстично го подобрува моето секојдневно функционирање. Пример, она што го објаснува самата компанија “Ако се подготвувате за патување во странство, само кажете му на Gemini што ви треба. Тој ќе ги извлече деталите за вашиот лет од Samsung Wallet, ќе постави потсетник кога да излезете за аеродромот и дури ќе пронајде најдобри ресторани на вашата дестинација – и ќе ги зачува сите тие информации во Samsung Notes за лесен пристап подоцна. Тоа е како да имате личен асистент, веднаш на покривниот екран“ – беспрекорно функционира во реалноста олеснувајќи го животот и работата на “мултитаскинг“ луѓето без работно време.


Овој уред има и опција која досега не постоела. Со споделување на камера преку Gemini Live може да се добие помош во реално време. Пример, ако се пакувате за патување или одбирате облека, може да му покажете на Gemini што гледате и да ви помогне кои комбинации се најсоодветни за дестинацијата на која патувате или за поводот за кој што бирате облека!
Предноста е што на покривниот екран, според сопствен избор, може да си ги прикажете оние ажурирања кои ви се потребни па така кај мене тоа се алармите, потсетниците, временската прогноза и новостите. Тоа ми го прави Galaxy Z Flip7 верен соработник, личен доверлив асистент кој ми пружа сигурност и предвидливост. Освен интелигенцијата, мојот Flip 7 има и шарм 😊 кој му го дава корално црвената боја.









Сигурност што дава мир
Во време кога секојдневно споделуваме лични информации преку телефон, сигурноста ми е многу важна. Со One UI 8 и заштитата Knox Enhanced Encrypted Protection, знам дека моите податоци се безбедни. Дополнително, постквантната криптографија во Secure Wi-Fi ми дава дополнителна сигурност дури и кога користам јавни мрежи.
Од перспектива на новинар, Galaxy Z Flip7 е навистина паметен избор. Големиот FlexWindow екран ми овозможува побрзо и поефикасно да „жонглиран“ со известувањата, пораките и работните обврски, а интегрираната вештачка интелигенција ми штеди време кога треба брзо да добијам информација или да сработам нешто во движење. Сето ова креира сериозни заштеди во време кои се клучни во оваа професија.
Камерата, пак, е доволно моќна за да може да ја користам за професионална употреба. Фотографиите и видеата се јасни, квалитетни и употребливи за професионална намена. Со оваа камера можам и визуелно да ги доловам приказнита – било да е тоа интервју или репортажа.
Во динамиката на новинарската професија, каде секоја минута е важна, Galaxy Z Flip7 се покажа како доверлив партнер кој ја комбинира продуктивноста, сигурноста и стилот во еден уред.