Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова рунда царини, вклучувајќи царина од 100 проценти за брендирани фармацевтски производи, 30 проценти за тапациран мебел, 50 проценти за кујнски и бањски инсталации и 30 проценти за тешки камиони. Новите царини ќе стапат на сила на 1 октомври, објавува CBS News.
Трамп изјави на социјалната мрежа Truth Social дека царината за фармацевтски производи нема да се применува за компаниите што ќе започнат со производство во САД. Минатата година, САД увезоа речиси 233 милијарди долари фармацевтски и медицински производи, а економистите предупредуваат дека зголемените царини би можеле да ги зголемат трошоците за лекови, здравствена заштита и владините програми Medicare и Medicaid.
Трамп оцени дека странските производители го „преплавуваат“ американскиот пазар со мебел и компоненти, наведувајќи ја националната безбедност како причина за воведување царини.
Зголемените трошоци за елементи би можеле дополнително да ги оптоварат градителите на куќи во услови на високи каматни стапки и недостиг на домување. Трамп претходно најави голема царинска истрага за увоз на мебел, а сега потврди царина од 25 проценти за тешки камиони за да ги заштити домашните производители како што се „Питербилт“, „Кенворт“, „Фрајтлајнер“ и „Мек Тракс“.
Економските податоци покажуваат дека царините ги зголемуваат потрошувачките цени, дури и кога претседателот рече дека „нема инфлација“ и ја нарече неговата трговска политика „неверојатен успех“.
Фото – Wikimedia