A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува модулот „Бизнис аналитика“ во рамките на својата едукативна платформа A1 Академија, која има за цел развој и унапредување на дигиталните и аналитички вештини кај младите. Модулот стартува на 21 октомври и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини во области какви што се анализа на податоци, визуализација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примена на вештачката интелигенција во бизнис секторот. Со модулот „Бизнис аналитика“ младите ќе научат како да ја искористат моќта на податоците и вештачката интелигенција за реални бизнис-решенија.
„Наша визија е да им помогнеме на младите да станат двигатели на позитивни промени во дигиталната економија и активни учесници во бизнис-трансформацијата. Преку модулот Business Analytics, учесниците ќе стекнат вештини за анализа на податоци, критичко размислување и применa на вештачка интелигенција, кои се клучни алатки за носење информирани и стратегиски деловни одлуки. Веруваме дека инвестирањето во дигитални вештини е инвестиција во иднината на нашето општество. Ги охрабруваме сите млади што сакаат да се развиваат професионално, да ја искористат оваа можност и да го направат првиот чекор кон успешна кариера“, изјави Бранкица Толевска, раководителка на одделот за бизнис-трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Модулот ќе биде реализиран под менторство на искусен професионалец од областа на бизнис аналитиката, дополнет со гостинско предавање од професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Комбинацијата на академско знаење и реални индустриски искуства ќе овозможи збогатена и практично ориентирана програма, со фокус на применливи алатки и современи аналитички пристапи.
Досега повеќе од 300 млади и амбициозни учесници беа дел од Академијата и преку неа ги надградија своите дигитални вештини и се подготвија за предизвиците на современото работно опкружување. Академијата продолжува со својата мисија – да биде водечки двигател на квалитетна и иновативна едукација за младите генерации.
Сите заинтересирани можат да аплицираат на a1academy.a1.mk
Повикот е отворен до 15.10.2025. По завршување на Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.