Ина Марковиќ е идеен креатор и основач на ДИННА, платформа за дигитален маркетинг наменета специјално за малите и средни компании, но направена според методологија која ја користат големи корпорации. Нејзината основачкка Ина Марковиќ вели дека Дина ги крати трошоците до 20 пати, гради маркетинг стратегија за неколку минути, и нуди „се во едно„ квалитетен маркетинг.
Новинар – Верица Јорданова
Која е ДИННА?
ДИННА е скратеница од „Дигитална Ина“. Тоа е платформа која ја создадов од мојата визија дека знаењето од Harvard Business School, American Marketing Association, Digital Marketing Institute и моето 12+ годишно искуство во дигитален маркетинг треба да биде достапно за сите.
Токму и затоа го дигитализирав тоа знаење и искуство и го ставив во една платформа која им овозможува на малите и средни компании да работат систематски, со истата методологија што ја користат големите корпорации.
Со ДИННА, секој мал или среден бизнис може да го следи истиот процес: дефинирање на идеален клиент, анализа на публиката, мапирање на клучни пораки, креирање на маркетинг и контент стратегија и извршување на различни go-to-market активности.
Што ве мотивираше да формирате платформа како Dinna.ai?
Ме мотивираше фрустрацијата што ја гледав кај бизнисите: расфрлани работни процеси, користење на 3–5 различни алатки, тешкотии во мерење резултати и високи трошоци за да се добие квалитетен маркетинг. Сакав да создадам решение што ќе обедини сè — стратегија, содржина, извршување и анализа — во една платформа.
ДИННА нуди комплетен маркетинг процес од почеток до крај: дефинирање на идеален клиент, анализа на публиката, мапирање на клучни пораки, креирање стратегија, генерирање содржина, постирање на повеќе канали и анализа на резултати. Сè е интегрирано, автоматизирано и достапно по цена која е до 20 пати пониска од класичен пристап со тим + алатки.
Кои се основните функционалности на платформата?
- Дефинирање ICP и анализа на публиката
- Mапирање на клучни пораки
- Генерација на маркетинг и контент стратегии
- Создавање различни типови содржина (блогови, Постови за социјални мрежи, содржина за кампањи)
- Крос-канално постирање (Facebook, Instagram, LinkedIn, TikTok, YouTube…)
- · Лансирање повеќе кампањи паралелно (multicampaign orchestration) со календар, публика и платформи
- · Boosting/промовирање објави со брза поставка на буџет, таргет и времетраење
- Анализа и performance tracking во реално време
За кого е наменета Дина? Кој би имал најголем бенефит од користење на платформата?
Најмногу корист имаат мали и средни компании, стартапи, и маркетинг агенции кои сакаат брзо да скалираат без високи трошоци. Најмногу е наменета за оние кои немаат големи маркетинг тимови и сакаат ефикасно, брзо и поевтино решение за маркетинг.
Дали е наменета за специфични индустрии?
Не. ДИННА е индустриски-агностична. Секој што има потреба од дигитален маркетинг може да ја користи.
На кој начин AI е интегрирана во платформата?
AI е интегрирана во сите фази: анализа на публиката, предлог-стратегии, генерирање содржина, оптимизација за SEO, крос-канално постирање и анализа на резултати. Користиме генеративна AI за содржина, NLP за анализа и препораки, и предиктивна анализа за performance tracking. Сотоа се подобрува квалитетот, брзината и точноста на секој чекор.
Кој стои зад Dinna.ai? Кои се членовите на тимот?
Основач сум јас, а зад ДИННА стои силна тимска структура со backend и frontend развивачи, мојот партнер за бизнис развој, нашиот CMO и нашата COO.
Има ли Dinna.ai веќе корисници?
Да, имаме корисници од Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Естонија, Молдавија, Обединетото Кралство, Данска, Германија, Шпанија, САД, Малезија, Индија, Египет и Јапонија. Во бета фазата имавме над 350 тестери, а веќе имаме над 100 активни клиенти. Најголем продор правиме кај малите и средните претпријатија што сакаат брзо и ефикасно решение за нивниот дигитален маркетинг.
Како го проценуваш потенцијалот и предизвиците на македонскиот и регионалните пазари?
Македонија и регионот се важни пазари затоа што токму тука малите и средните компании најмногу имаат потреба од вакво решение. Предизвик е ниската дигитална зрелост на дел од компаниите, но токму тоа отвора можност — со ДИННА тие можат да ја подигнат својата ефикасност и да станат поконкурентни.
Кои бенефити ќе ги добијат корисниците од користење на Dinna.ai?
- Намалување на трошоците до 20 пати
- Брзина и ефикасност (стратегија за минути наместо недели)
- Подобрен квалитет на маркетингот
- Сè во една платформа, без потреба од 5+ одделни алатки
- ДИННА е тренирана на податоци од престижни институции, best practices од индустриски лидери и рамки за работа на водечки маркетинг агенции.
Како платформа ја олеснува работата на корисниците?
Го централизира целиот маркетинг-процес. Наместо да менаџираат фрагментирани работни текови и различни алатки, корисниците сè прават од едно место — што значи повеќе време за раст и помалку време за администрирање. А најдоброто од сè е што сето ова е управувано од нашиот AI CMO (Chief Marketing Officer).
Колку се намалуваат трошоци, време, колку се зголемува продуктивноста и/или квалитетот на маркетинг активностите?
- Трошоци: до 20 пати пониски
- Време: намалување од недели на минути за изработка на стратегии и кампањи
- Продуктивност: раст од 3–5 пати
- Квалитет: стратегиски и системски пристап кој претходно бил достапен само за големи компании
Ина, во кој правец ќе се развива платформата?
Следниот чекор е развој на можности за fine-tuning, за корисникот да може да ја тренира ДИННА на својот начин на комуникација, реална интеракција со ДИННА, voice интерфејс и inbox пораки. До декември ќе се лансираат и агентите за Gated Asset, Email Marketing и CRM. До средината на 2026 ќе ги лансираме и нашите повеќекратни Inbound и Outbound AI агенти.
Очекувања за иднината и поставени цели на среден рок?
Целта е ДИННА да стане светски препознаена all-in-one маркетинг платформа за SMBs и агенции, да имаме 5.000 активни клиенти на месечна база наредните 3 години и да ја донесеме истата моќ на систематски маркетинг од корпорациите — во рацете на малите и средни компании глобално.