Регионален настан за млади претприемачи

- Advertisement -

Унијата на млади претприемачи на Македонија – Phoenix Rising организира регионален собир за поврзување на млади претприемачи од државата и регионот, насловен „Your Network is Your Net Worth”. Станува збор за собир на голем број млади стопанственици од Македонија и од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина), финансирано од RECONOMY.

“Младите имаат можност за вмрежување, размена на информации и искуства, но и да научат многу практични работи, да учествуваат во интерактивни работилници и игри кои имаат цел да го подобрат нивниот перформанс во бизнисот.” Претприемачите остваруваат и директни контакти со инвеститори, медиумски лица, консултанти и предавачи од земјата и регионот.

- Advertisement -

Годинава, „Your Network is Your Net Worth” е поделен на неколку сегменти и присутните ќе имаат прилика да учествуваат во различни сесии и да слушнат млади, но веќе докажани и искусни сопственици на бизниси. “Тие ќе ја споделат својата приказна за почетокот на бизнисот, развојот, но и секојдневните прилагодувања на новото време и општествено-политичкиот контекст во кој работат”, информираат од организацијата.

По повод настанот, претседателката на Унијата на млади претприемачи, Ивона Трајановска, потенцира дека кога ја формирале Унијата во 2023 имале идеја да создадат платформа/организација „која ќе биде поддршка на домашните млади претприемачи, сопственици на бизниси“. “Почнавме да организираме различни настани, работилници, да се поврзуваме со наши врсници и идејни истомисленици од регионот и Европа. Денеска имаме 107 членови и повеќе од 180 реализирани соработки.”

- Advertisement -

Трајановска додава: “Можеби не сме доволно присутни во јавноста и не сите знаат за организацијата, но сме секогаш тука за нашите членки, да ги поддржиме, да ги обучиме, да им дадеме совет и едукација кога станува збор за водење на бизнис.” Настанот е финансиран од RECONOMY – инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка.

Сподели!
- Advertisement -