Експертите истакнуваат дека овој раст би можел да означи почеток на нов циклус на крипто-експанзија
Цената на Биткоинот достигна нов рекорден максимум, надминувајќи ја вредноста од 125.000 долари, според податоците од платформата Binance. Со ова, водечката криптовалута го продолжи трендот на раст што трае веќе неколку недели.
Според пазарните податоци, во 6 часот и 11 минути утрово, Биткоинот забележа зголемување од 1,97 проценти и достигна 124.900 долари, а само три минути подоцна го продолжи својот раст и се тргуваше по 125.180 долари.
Биткоинот, кој ја зголеми својата вредност повеќе од двојно во последната година, останува клучен индикатор за расположението на глобалниот финансиски пазар, објавува Спутник.
Експертите истакнуваат дека овој раст би можел да означи почеток на нов циклус на крипто-експанзија – но и дека пазарот останува подложен на ненадејни корекции.
Фото – Flickr