По седми пат обележан Светскиот ден на вранецот

- Advertisement -


Светскиот ден на Вранец е манифестација која е востановена пред седум години по иницијатива на здружението „Вина од Македонија“ а во соработка со регионални здруженија и винарии. Главната цел на обележувањето на Денот на вранецот, е да се
интернационализира оваа регионално присутна автохтона сорта и да се промовираат нејзиниот
квалитет и карактеристики на меѓународната винска сцена.

Оваа година Светскиот ден на вранецот се одбележа со бројни настани во земјата и светот. Главниот настан се одржа во Национална Галерија- Мала станица со поддршка на Министерството за шумарство и водостопанство. Повеќе од 700 гости беа присутни на настанот на кој имаа можност да пробаат вина од сортата Вранец која е гордост на македонската винска индустрија.

- Advertisement -

Покрај овој настан, здружението оваа година заедно со Земјоделскиот институт организираше и научна конференција за Вранецот која се одржа на 03.10.2025 та година. На годинешната конференција по повод Светскиот ден на вранецот се одржаа научни презентации од страна на домашни и странски научни работници кои се засновани врз научни анализи и податоци за основните карактеристики и предности на вранецот, при што, покрај другото, беше истакнато дека
поради својата природна отпорност тој го има потенцијалот за соочување со климатските промени
и за проширување во други вински подрачја, вон нашиот регион.

Сето ова е само дополнителна мотивација да продолжиме да работиме на зголемување на
квалитетот на грозјето и на вината, и на создавање свест за компаративните предности на нашето
вино, правејќи го препознатливо и присутно на странските пазари“,
рече претседателот на „Вина
од Македонија“ Светозар Јаневски, истакнувајќи дека „токму вранецот е сортата која го има најдобриот потенцијал за исполнување на оваа мисија – таа е своевиден амбасадор на нашиот регион во винскиот свет, бидејќи, покрај другото, ги обединува интересите на винските индустрии во земјите на Западен Балкан“.

- Advertisement -

Периодот пред одржување на Светскиот ден на вранецот десетина интернационални вински експерти претставници на специјализирани вински списанија и дваесетина регионални новинари, имаа прилика да ги посетат македонските винарии и да дегустираат врвни македонски вина на студиското патување организирано од страна на „Вина од Македонија“. Беа доделени признанија за “Вранец Амбасадор„ на Земјоделскиот институт Скопје и Биотехничкиот факултет при Универзитет Црна Гора за нивната значајна промоција на Вранецот во светот на науката.

Овaа година преку винарниците кои земаа учество се промовираше вранецот и во над 300 локални
и регионални ресторани каде гостите имаа можност да уживаат во Вранецот.

- Advertisement -

Со ова успешно издание на Светскиот ден на вранецот, се потврдува страста, традицијата и единството на регионот во промоција на оваа сорта со голем потеницијал.

Сподели!
- Advertisement -