Приказната за Tinder и Bumble – како поразот да се претвори во бренд на успех

- Advertisement -


Има моменти кога животот, работата или луѓето околу нас нè исфрлаат од играта и тогаш започнува најважното поглавје од секоја приказна за успех. Витни Волф Херд го знае ова подобро од повеќето. Денес, ја препознаваме како основач на апликацијата Bumble, симбол на женското овластување во дигиталниот свет и една од најмладите милијардери што сама си го направиле својот успех. Но, патот до тој статус не бил ниту лесен, ниту линеарен.

Пред да го создаде Bumble, Волф Херд била дел од тимот што го создал Tinder – апликација што го променила начинот на кој луѓето се среќаваат. Сепак, наместо признание, имало болно раскинување со компанијата, бурна тужба и медиумска лудост што ја прикажала како опортунист. Многумина би исчезнале од очите на јавноста засекогаш. Таа избрала да почне одново.

- Advertisement -

Од нејзиниот личен и професионален пад Херд ја научи најтешката, но и највредната лекција: дека понекогаш треба да бидете одбиени за да го пронајдете вашиот вистински простор.

Идејата за Bumble се родила од чувство на неправда, но се претвори во глобално движење. Апликацијата каде што жените го прават првиот потег не беше само технолошка иновација, туку порака дека можеме да ја преземеме контролата врз сопственото искуство во секоја сфера од животот.

- Advertisement -

За неколку години Bumble прерасна во платформа со речиси 40 милиони активни корисници, а Херд стана најмладата жена што ја направи својата компанија јавна. Нејзината мисија отиде чекор понатаму – таа се залагаше за закони против дигитално вознемирување и активно работеше за побезбедна средина за жените на интернет.

Новата филмска биографија Swiped, потпишана од Рејчел Ли Голденберг, ја раскажува токму таа приказна – за жена која ја претвори загубата во нов почеток. Актерката Лили Џејмс, која ја игра Витни, ја опишува како „личност која ги претвора најтешките моменти во гориво за успех“.

- Advertisement -

Филмот ги истражува не само падот и враќањето, туку и прашањето што ги засега многумина: Колку сме спремни да го доведеме во прашање системот што нè отфрли – и да го промениме?

Витни Волф Херд не создаде само апликација. Таа создаде приказна за отпорноста, за тоа како неуспехот може да се роди во нешто поголемо од амбиција. Таа е доказ дека отфрлањето може да биде покана за промена на правилата на играта – и да го претвориме нашиот најголем пораз во наш сопствен бренд на успех.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -