Наголемо се планира изградба на нови градови за да се тргне бремето од постојните градови. Во идеални услови новите градови треба да обезбедат работни места и место за живот, но и да бидат одржливи и истовремено климатски неутрални. Дали ова е реална цел? Ви претставуваме листа со неколку високотехнолошки градови од иднината.
1.NEOM – иднината на пустината
Ако се оди според планот на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, NEOM, кој допрва ќе биде изграден, ќе биде најбезбедниот, најмодерниот и најефикасниот град во светот. Тој планира да инвестира 500 милиони долари во новата специјална економска зона, која се наоѓа во близина на Црвеното Море.
Името на градот не е избрано случајно. Властите на ОАЕ не сакале латинско ниту арапско име затоа што станува збор за проект кој претставува цивилизациски скок за целото човештво. На посебна работилница било одлучено името да биде Neo-Future или на арапски Neo-Mustaqbal. Бидејќи и ова име се чинело предолго, името е скратено на NEOM.
Во градот нема да има ниедна продавница. Никој нема да излезе од дома за да оди да купува. Се ќе биде донесено до врата со помош на најнова технологија. Шопингот ќе биде само начин на забава за тие кои што ќе сакаат.
Првиот и главен робот во градот ќе се вика Neom. Се ќе биде поврзано со вештачка интелигенција: медицинските досиеја на луѓето ќе бидат поврзани со домот, со автомобилот, со членови на семејството, со други документи, а целиот систем самиот ќе се развива со тек на време за да обезбеди што подобри услови за живот. Се ќе биде поврзано преку апликацијата Neom.
Многу од најголемите компании во светот сакаат да ја искористат оваа можност и да бидат дел од NEOM. Меѓу компаниите со кои преговараат се Amazon и Alibaba, со кои досега не се постигнати дефинитивни договори, додека Airbus веќе е длабоко навлезена во плановите за идниот град.
Според властите на OAE, луѓето ќе почнат да пристигнуваат во градот веќе во 2020 година затоа што ќе има хотели и згради, но целиот проект се очекува да биде целосно функционален до 2025 година. Локацијата е стратешки избрана за да се олесни развојот на зоната како една лулка која ќе ги обедини Европа, Азија и Африка. Речиси 70% од популацијата на Земјата ќе може да стигне до градот за помалку од 8 часа, што значи дека тука ќе се собере најдоброто од најголемите региони во светот во поглед на знаењето, технологијата, истражувањето.