Цените на нафтата растат по олеснувањето на тензиите меѓу САД и Кина

- Advertisement -

Цените на нафтата пораснаа, при што суровата нафта Брент вчера изнесуваше 63,7 долари за барел, а американската сурова нафта Западен Тексас Интермедијар (WTI) околу 60 долари за барел, откако во петокот достигна петмесечно дно.

Ова беше поттикнато и од зголемените надежи за намалување на трговските тензии меѓу САД и Кина, објави „Трејдинг економикс“.

- Advertisement -

Зголемувањето на цените дојде по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс и нивниот помек тон кон Пекинг откако минатата недела објавија нови тарифи од 100 проценти и контрола на извозот.

Трамп посочи дека односите меѓу САД и Кина „сè уште би можеле да бидат во ред“, иако тарифите планирани за 1 ноември остануваат на сила. Покрај тоа, тој навести дека ќе ја снабдува Украина со ракети Томахавк со долг дострел, што би можело да ги зголеми ризиците за снабдувањето со нафта од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) плус.

- Advertisement -

И покрај скокот, цените на нафтата остануваат под притисок од зголемената понуда, бидејќи ОПЕК и неговите партнери го зголемија производството за 630.000 барели дневно во септември, што предизвика загриженост за презаситеност на понудата подоцна оваа година. Ситуацијата беше под влијание и на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, што ги ублажи геополитичките ризици на Блискиот Исток откако палестинската организација ги ослободи сите преостанати израелски заложници од Газа.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -