Златото достигна нов максимум – надмина 4.100 долари

- Advertisement -

Златото за прв пат во понеделникот надмина 4.100 долари за унца, достигнувајќи уште едно рекордно високо ниво поради обновените трговски тензии меѓу САД и Кина и очекувањата за намалување на американските каматните стапки, додека среброто исто така се искачи на рекордно високо ниво.

Цената на златото порасна за 2,2% на 4.106,48 долари за унца. Годинава златото се искачи за 56% и ја достигна пресвртницата од 4.000 долари за прв пат минатата недела, поттикнато од фактори како што се геополитичките и економските неизвесности, очекувањата за намалување на каматните стапки во САД и робустното купување од страна на централните банки.

Златото лесно би можело да го продолжи својот нагорен импулс. Можеме да видиме цени над 5.000 долари до крајот на 2026 година, велат некои експерти. Стабилните купувања од централните банки, цврстите приливи на ETF, трговските тензии меѓу САД и Кина и изгледите за пониски каматни стапки во САД обезбедуваат структурна поддршка за пазарот, додаваат тие.

- Advertisement -

Аналитичарите во Банката на Америка и Сосиете Женерал сега очекуваат златото да достигне 5.000 долари во 2026 година, додека Стандард Чартерд ја зголеми својата прогноза на просек од 4.488 долари следната година.

„Според нас, овој раст има основа, но краткорочната корекција би била поздрава за долгорочен тренд на раст“, велат од Стандард Чартерд Банк.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -