Илон Маск можеби е најбогатиот човек во светот, но кога станува збор за наследено богатство, никој не може да ја надмине династијата Волтон, наследници на империјата Волмарт – особено кога ќе се земе предвид нивната семејна врска (преку брак) со спортскиот магнат Стен Кренки.
Ако го споите огромното богатство на семејството Волтон, проценето на 449,8 милијарди долари, и богатството на Кренки, вредно 21,3 милијарди долари, добивате гигантско комбинирано богатство од 470,1 милијарди долари – повеќе од БДП на повеќето земји во светот.
Приказната за богатството на „Волтонови“ е позната на секој Американец. Во 1962 година, браќата Сем и Бад ја отворија првата продавница „Волмарт“ во државата Арканзас, со цел да понудат најниски цени на пазарот. Денес, компанијата прерасна во глобален малопродажен гигант со повеќе од 10.000 продавници и огромно влијание врз глобалниот пазар.
И покрај нивното незамисливо богатство, Волтонови се познати по својата дискреција. Тие не се фалат со луксуз и раскош како многу други милијардери – но нивните потези зборуваат сами за себе, особено кога станува збор за инвестирање во спорт. Во 2022 година, семејството ги купи Денвер Бронкос од НФЛ за рекордни 4,7 милијарди долари. Грег Пенер, зет на Сем Волтон, денес е извршен директор на тимот.
Стен Кренки се ожени со Ен Волтон, спојувајќи две спортски империи. Тој е сопственик или ко-сопственик на следниве клубови:
Ф.К. Арсенал (Премиер лига)
Лос Анџелес Ремс (НФЛ)
Денвер Нагетс (НБА)
Колорадо Аваланш (НХЛ)
како и Колорадо Мамутот од Националната лига за лакрос
Богатството на семејството Волтон
Според списанието Форбс, нето вредноста на членовите на семејството е:
Роб Волтон и семејството: 123,8 милијарди долари
Џим Волтон и семејството: 121,2 милијарди долари
Алис Волтон: 112,5 милијарди долари
Лукас Волтон: 41,8 милијарди долари
Кристи Волтон: 20,7 милијарди долари
Ненси Волтон Лори: 16,6 милијарди долари
Ен Волтон Кренки: 13,2 милијарди долари
Стенли Волтон: 21,3 милијарди долари
Иако Волтонови го стекнале своето богатство благодарение на „Волмарт“, денес тие инвестираат и во многу други сектори – а спортот стана еден од клучните столбови на нивната империја.
(Извор: Gazzeta.gr)
Фото – Wikimedia