Околу две третини од сателитите во Земјината орбита припаѓаат само на една компанија

- Advertisement -

Кога Илон Маск го најави Starlink, мрежа од сателити со кои сака да обезбеди брз интернет пристап до секој агол од нашата планета, тој планираше вкупно околу 42 илјади сателити во орбитата. SpaceX досега доби дозвола за 12 илјади од нив, а со последното лансирање пред неколку дена, оваа компанија испрати вкупно повеќе од 10 илјади сателити во вселената, што им одзеде малку повеќе од шест години.

Иако бројот на лансирани сателити надмина 10.000, бројот на моментално активни сателити е помал, нешто над 8.500, додека останатите или повеќе не се во орбитата или се неактивни. Животниот век на сателитите Starlink е од пет до седум години, по што тие се враќаат во атмосферата со контролирано палење на погонските мотори и целосно согоруваат.

- Advertisement -

Според податоците објавени од The Independent, кои се базираат на организацијата за следење сателити Celestrack, во моментов има нешто помалку од 13.000 активни сателити во ниската Земјина орбита, така што сателитите на Маск сега зафаќаат околу две третини од сите активни сателити во вселената.

Овие бројки најдобро покажуваат колку е доминантен SoaceX на овој пазар, но конкуренцијата со текот на времето ќе стане поголема, а меѓу другото, таа конкуренција го вклучува и Kaiper на Amazon. Amazon ги лансираше своите први сателити во вселената токму оваа година, а кога целата констелација ќе биде завршена, ќе вклучува околу 3.200 сателити, што е многу помалку од плановите на SpaceX и Маск.

- Advertisement -

Со зголемувањето на бројот на сателити, експертите предупредуваат на нивното потенцијално негативно влијание врз животот на Земјата.

Според астрономот Џонатан Мекдауел, со текот на времето можеме да очекуваме дека секој ден околу пет сателити ќе излезат од орбитата, односно ќе се уништат во атмосферата, и иако ова не би требало да претставува ризик за луѓето на Земјата, постои опасност од нивно влијание врз атмосферата. Тој објасни дека во моментов не е познато дали овој ефект, дури и во случај на мега соѕвездија, ќе биде проблематичен, но предупреди дека постои опасност согорувањето на сателитите да придонесе за глобалното затоплување.

- Advertisement -

(The Independent)

Сподели!
- Advertisement -