Ако вашите избори на ресторани често се водени од потрагата по совршен бургер, имаме добри вести. Експертите штотуку објавија листа со најдобри бургери во светот за 2025 година, а победникот доаѓа од Шпанија.
Најновото рангирање, кое ги оценуваше бургерите во девет категории, покажува како ова скромно јадење еволуираше од удобна храна до вистинско кулинарско ремек-дело, пишува Food & Wine.
Титулата најдобар бургер во светот му припаѓа на Hundred Burgers во Валенсија, кој исто така го освои првото место минатата година. Основан од Алекс Гонзалез-Урбон и Езекиел Малдџијан, тие победија благодарение на нивната прецизна подготовка на бургерите, премиум искуството со јадење и внимателно одбраните состојки.
Нивниот препознатлив чизбургер е направен од суво зреено говедско месо, свежо мелено секојдневно, и се служи во домашно бриош лепче. Судиите го пофалија „текстуралниот контраст помеѓу мекото, путер полу-бриош лепче и длабоко ароматичното плескавиче“. Резултатот е залак богат со умами, што го опишаа како „занаетчиска извонредност“, а чини само 12,5 евра.
Во првите 10 беа најбројни европски ресторани. Лондон се издвојува со четири места на врвот: Bleecker Burger е втор, додека Black Bear Burger го освои третото место благодарение на класичниот бургер и бургерот од говедски гради.
Топ 10 бургери во светот за 2025 година:
1.Hundred Burgers, Валенсија, Шпанија
2.Bleecker Burger, Лондон, Велика Британија
3.Black Bear Burger, Лондон, Велика Британија
4.Popl Burger, Копенхаген, Данска
5.Funky Chicken, Стокхолм, Шведска
6.Gasoline Grill, Копенхаген, Данска
7.La Birra Bar, Буенос Аирес, Аргентина
8.Hawksmoor, Лондон, Велика Британија
9 Burger & Beyond, Лондон, Велика Британија
10.Next Door, Сиднеј, Австралија
Што го прави еден бургер одличен? Анализата на десетте најдобри бургери открива два доминантни елементи: зрели плескавици и првокласни парчиња говедско месо. Од класичните зрели бургери до мешавините Wagyu, зрелото говедско месо покажува како квалитетот на месото е клучен за совршен залак.
Натпреварот го организира лондонската компанија Upper Cat Co cepts, како дел од поширока листа со 101 најдобри ресторани за стек во светот, а рангирањето се базира на девет критериуми – од квалитет на месо, до подготовка, до искуство со резервација и услуга.
(Index.hr)