Бидејќи постојат сомневања дека го зголемува ризикот од рак, Европската унија размислува за забрана на етанолот во средствата за чистење и други производи.
ЕУ размислува за класифицирање на етанолот како опасна супстанца што го зголемува ризикот од малигни заболувања, односно е потенцијално канцероген. Етанолот е супстанца што се користи во многу средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и други производи, според „Фајненшл тајмс“.
Внатрешна препорака од 10 октомври од една од работните групи во рамките на Европската агенција за хемикалии (ECHA) го означи етанолот како токсична супстанца што го зголемува ризикот од рак и предизвикува компликации во бременоста.
Внатрешна препорака предлага забрана на етанолот и негова замена со други супстанции во средствата за чистење и други производи. Комитетот за биоцидни производи на ECHA треба да се состане помеѓу 25 и 28 ноември за да препорача негова замена на регулаторните тела, а конечната одлука ќе ја донесе Европската комисија.
(B92)
Фото – Pxfuel



