Канада е на врвот на листата со речиси 65% од возрасните кои имаат завршено високо или средно образование, по што веднаш следат Ирска и Јужна Кореја.
Овие земји инвестирале многу во проширување на пристапот до високо образование, поттикнато од економиите базирани на знаење кои наградуваат напредни квалификации.
Според други податоци на ОЕЦД, повисоките нивоа на образование носат значителни предности во заработката.
На пример, низ земјите на ОЕЦД дипломираните студенти по високо образование обично заработуваат двојно поголем приход од лицата кои не завршиле средно образование (средно училиште).
Земји како Австрија и Германија покажуваат поизбалансирана поделба помеѓу високото и стручното образование (образование поврзано со одредена работа или занает).
На пример, Германија е рангирана на 19-то место во светот во однос на БДП по глава на жител, и покрај тоа што само 34% од нејзините возрасни имаат универзитетска диплома.
Земјата има силен систем на чиракување каде што студентите комбинираат практична обука со теоретско учење, што резултира со висока стапка на вработување по дипломирањето.
Ова е листата со топ 20 најобразовани земји во светот:
1.Канада
2.Ирска
3.Јужна Кореја
4.Луксембург
5.Велика Британија
6.Австралија
7.Шведска
8.САД
9.Израел
10 Норвешка
11.Литванија
12.Швајцарија
13.Данска
14.Холандија
15 Белгија
16.Исланд
17.Нов Зеланд
18.Франција
19.Финска
20.Естонија
(Visual Capitalist)



