- Advertisement -
Горивата од вечерва на полноќ ќе бидат со нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари, што е повисока за половина денар.
- Advertisement -
ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по 68 денари за литар. За 1 денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, и од 66,5 денари, ќе се продава по 67,5 денари. Цената на мазутот останува непроменета, односно 36,1 денар по килограм.
Фото – Pixabay
- Advertisement -
- Advertisement -



