Користејќи компјутерски вид и вградена вештачка интелигенција, очилата ги прикажуваат информациите што им се потребни на возачите во реално време: насоки за возење, опасности на патот, доказ за испорака, па дури и точната локација на пакетот во возилото.
Системот се активира автоматски штом возачот паркира на локацијата за испорака. Очилата му помагаат на возачот за достава да го пронајде вистинскиот пакет во комбето. Потоа го водат до вистинската врата, што е погодно во згради или канцелариски лавиринти.
Поврзани со контролер вграден во елекот за достава, очилата на Amazon работат на заменлива батерија и имаат копче за итни случаи. Покрај тоа, тие се компатибилни со диоптерски или фотохромни леќи што се прилагодуваат на амбиенталната светлина.
Засега, Amazon ги тестира очилата со своите возачи на достава во Северна Америка. Можностите на очилата вклучуваат откривање на грешки во испораката во реално време, предупредувања во случај на неточни адреси, откривање на животни во градините и автоматско прилагодување на осветленоста.
Гигантот за е-трговија се надева дека ќе гo намали времето на испорака и ќе ја подобри безбедноста на возачите.
Новите очила на Amazon ја претставуваат иднината на конектираната работа. Наскоро, доставувачите повеќе нема да гледаат во телефонот, туку буквално ќе ја видат својата мисија како се одвива пред нивните очи.
(Bug.hr)
(Roboflow Universe)



