Amazon потврди дека замениле 14.000 вработени со роботи

- Advertisement -

Аmazon потврди дека заменилe 14.000 вработени со роботи во првиот бран масовни отпуштања. Во вторник Amazon ги потврди плановите за намалување на околу 14.000 работни места во корпорациите, бидејќи технолошкиот гигант ги зголемува инвестициите во вештачка интелигенција.

Овој потег е прв во серијата масовни отпуштања за кои се проценува дека ќе намалат 30.000 работни места или околу 10% од корпоративната работна сила на компанијата.

- Advertisement -

„Некои можеби се прашуваат зошто намалуваме работни места кога компанијата добро се справува. Она што треба да го запомниме е дека светот се менува брзо. Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативна технологија од интернетот и им овозможува на компаниите да иновираат побрзо од кога било досега“, напиша Бет Галети, главен директор за човечки ресурси на Аmazon во јавна изјава.

Извршниот директор Енди Џеси, кој агресивно спроведува мерки за намалување на трошоците откако ја презеде функцијата во 2021 година, во јуни изјави дека очекува развојот на генеративна вештачка интелигенција да ја намали потребата за голем дел од корпоративната работна сила на Амазон во наредните години.

- Advertisement -

Во тоа време, тој истакна дека компанијата веќе има повеќе од 1.000 услуги и апликации за вештачка интелигенција во развој или имплементација, но дека ова е само „мал дел“ од она што планира да го изгради во иднина. Потоа Аmazon објави планови за инвестирање на 10 милијарди долари во Северна Каролина за проширување на својата облачна инфраструктура и системи за вештачка интелигенција.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Roboflow)

Сподели!
- Advertisement -