Македонија2025 со гордост ја објавува листата на 43 нови добитници на стипендија „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност за академската 2025/2026 година. Стипендиите се доделуваат на студенти запишани во прва година на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои се истакнуваат со исклучителен академски успех, мотивација и потенцијал за личен и професионален развој.
Секој стипендист ќе добие 2.500 американски долари годишно (во денарска противвредност), со цел да им се овозможи поддршка за успешно продолжување на високото образование. Оваа значајна финансиска поддршка е овозможена од фондацијата „Атанас Близнакоф“, која со четири генерации последователно ја покажува својата верба во младите таленти на Македонија.
Стипендијата е наменета за редовни студенти кои имаат постигнато високи резултати и покажале значајни вклучувања во образовни и лични активности, но се соочуваат со ограничени финансиски можности за понатамошно школување.
Македонија 2025 ја претставува новата генерација на стипендисти, талентирани и амбициозни студенти кои се движечката сила на идните општествени и економски промени. Посебна чест ни е да истакнеме дека оваа година имаме вкупно 43 добитници, наместо вообичаените 40, бидејќи последните кандидати имаат идентичен број поени и ја делат истата рангирана позиција.
Со гордост ја објавуваме листата на добитници за академската 2025/2026 година:
| Бр. | Име и презиме | Факултет |
| 1 | Аделина Крстовска | Правен факултет „Јустинијан Први“ |
| 2 | Александар Ристовски | Факултет за музичка уметност |
| 3 | Александра Спасовска | Медицински факултет |
| 4 | Ана-Марија Биневска | Филозофски факултет |
| 5 | Бисера Трајковска | Медицински факултет |
| 6 | Блерта Сакипи | ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
| 7 | Вања Василевска | Машински факултет |
| 8 | Глигор Манчев | Машински факултет |
| 9 | Глорија Николиќ | Природно-математички факултет |
| 10 | Давор Димоски | ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
| 11 | Дарко Каревски | ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
| 12 | Дејана Василева | Економски факултет |
| 13 | Диана Таировска | Медицински факултет |
| 14 | Димитар Најдовски | ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
| 15 | Евгениј Стоименов Јосифовски | ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
| 16 | Елена Ристова | ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
| 17 | Ема Богданоска | Природно-математички факултет |
| 18 | Емил Мицевски | Природно-математички факултет |
| 19 | Зорица Ристеска | Фармацевтски факултет |
| 20 | Ивана Саревска | Филолошки факултет „Блаже Конески“ |
| 21 | Иво Тојтов | Природно-математички факултет |
| 22 | Ивона Петрова | Стоматолошки факултет |
| 23 | Илза Рустеми | Природно-математички факултет |
| 24 | Јана Петковска | Медицински факултет |
| 25 | Јана Николовска | Факултетот за ликовни уметности |
| 26 | Јован Ѓуревски | ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
| 27 | Камелија Станковска | Факултет за музичка уметност |
| 28 | Константин Младеновски | Економски факултет |
| 29 | Луциа Василеска | Медицински факултет |
| 30 | Маја Малеска | Медицински факултет |
| 31 | Марија Стоименовска | Економски факултет |
| 32 | Марта Колевска | Машински факултет |
| 33 | Матеја Трајковиќ | Фармацевтски факултет |
| 34 | Мелани Арсова | Медицински факултет |
| 35 | Мелани Максимовска | Медицински факултет |
| 36 | Милана Бундоска | Економски факултет |
| 37 | Наталија Петровска | ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
| 38 | Наталија Тасевска | ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство |
| 39 | Никола Илиевски | Филолошки факултет „Блаже Конески“ |
| 40 | Ристијан Ристески | ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии |
| 41 | Сара Лимани | Природно-математички факултет |
| 42 | Софија Шаклевска | Природно-математички факултет |
| 43 | Стефанија Јованова | Економски факултет |
Правото на користење на стипендијата започнува по доставување потврда за статус на редовен студент запишан во прва година на прв циклус студии при УКИМ во академската 2025/2026 година. Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку фондацијата „Атанас Близнакоф“.
Како долгогодишен партнер на фондацијата, Македонија2025 ќе го следи напредокот и постигнувањата на стипендистите и ќе ја обезбеди континуирана поддршка во наредните години.
„Исклучително сме благодарни на фондацијата ‘Атанас Близнакоф’ за континуираната поддршка во унапредувањето на високото образование и создавањето силна база на таленти во Македонија. Заедно градиме иднина во која знаењето, иновациите и вредностите носат напредок,“ стои во пораката од Македонија2025.
Им упатуваме искрени честитки на сите добитници, со желба оваа стипендија да биде силен поттик кон реализација на нивните академски и професионални амбиции!



