Властите на јапонската префектура Гифу во вторник објавија дека ќе почнат да користат дронови кои имитираат звук на лаење кучиња и огномет во обид да ги исплашат мечките, кои се сè почести во населените области.
Дроновите треба да бидат распоредени подоцна во ноември во Такајама, селото Ширакава и други делови од централната јапонска префектура Гифу, каде што неодамна се забележа зголемување на нападите од мечки врз луѓе, објави новинската агенција Кјодо.
На почетокот на минатиот месец мече нападна шпански турист во Ширакава, кој беше полесно повреден.
Гувернерот на Гифу, Јошихиде Есаки, на прес-конференција изјави дека целта на префектурата е да спроведе проактивни мерки за жителите да се чувствуваат безбедно.
Владата на Гифу, исто така, изјави дека планира да воспостави соработка со локалните ловџиски групи, што ќе ѝ помогне да одлучи за нивните идни рути и бројот на дронови што ќе ги користи.
Жителите и туристите пријавија дека виделе 836 мечки во префектурата од април до октомври. Во истиот период беа пријавени и четири случаи на напади и повреди.
Локалните власти објавија дека ова е зголемување во однос на 674 видувања мечки и три повреди во претходниот период, од април 2024 до март 2025 година.
(Zimo)
(фото: Picryl)


