Баланс+ – сојузник на лицата со дијабет во градењето на здрав и балансиран живот

- Advertisement -

Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација и подигнување на свесноста кај оваа група, во соработка со Здружението на лица со дијабет од Охрид. Целта на оваа иницијатива е лицата со дијабет подобро да ја разберат и усовршат својата исхрана, како и да стекнат практични знаења за одржување на здравјето.

Во рамките на поддршката, се реализираа повеќе едукативни активности на кои членовите на здружението имаа можност да се запознаат со улогата на Баланс+ во подобрувањето на дигестивното и метаболичкото здравје – два клучни фактори за лицата со дијабет.

- Advertisement -

Баланс+ содржи внимателно избалансирана формула со пробиотици, протеини, калциум и пребиотици, кои придонесуваат за правилно функционирање на организмот и одржување на дигестивната рамнотежа. Овие својства го прават производот особено корисен за лицата со дијабет, кај кои е важно да се постигне стабилен и здрав метаболизам. Со тоа, Баланс+ претставува практична поддршка во секојдневното управување со исхраната и внесот на хранливи материи.

Во партнерство со здруженијата на лица со дијабет, Бимилк активно работи на едукација и зголемување на свесноста за важноста на функционалните производи во секојдневната исхрана. Целта е да се покаже дека со информирани избори може да се живее квалитетен живот во рамнотежа.

- Advertisement -

Едукацијата за влијанието на исхраната и свесноста дека постојат здрави, достапни и функционални избори е клучна во создавањето на долгорочни здрави навики. Токму тука, Баланс+ и здруженијата на лица со дијабет го споделуваат заедничкото мото: „Грижата за себе започнува со информиран избор.“

„За лицата со дијабет, правилната исхрана е темел на здравјето. Производи како Баланс+ се од особено значење затоа што нудат природна поддршка за одржување на рамнотежата на организмот и се одличен избор за секојдневна употреба. Со поддршката од Бимилк, успеваме да ја засилиме едукацијата на нашето членство и да обезбедиме практични знаења за подобра исхрана и подобро здравје,“ изјави Димче Каневче, претседател на Здружението на дијабетичари од Охрид.

- Advertisement -

На едукативниот Семеен камп „Живот во рамнотежа“ учествуваа 20 претставници од здруженија на лица со дијабет од општините Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Кавадарци, Неготино, Радовиш и Скопје. Во Македонија има повеќе од 120.000 лица со дијабет, за кои достапноста и свесноста за соодветни и квалитетни производи се од исклучителна важност.

Преку Баланс+, Бимилк ја демонстрира својата долгорочна посветеност да создава производи кои не само што се вкусни и достапни, туку и помагаат во зачувување на здравјето и рамнотежата кај сите, особено кај оние кои живеат со дијабет.

Сподели!
- Advertisement -