Стартап Клуб Скопје го отвора третиот инкубаторски повик – #ИмамИдеја3! 

- Advertisement -

По двете успешно реализирани инкубаторски програми преку кои беа менторирани повеќе од 30 стартапи, од кои неколку веќе обезбедија инвестиции и активно се развиваат на пазарот, оваа година програмата се враќа посилна, поиновативна и пофокусирана на стартапи со потенцијал за глобален раст.

#ИмамИдеја3 е тримесечна инкубаторска програма наменета за 15 најиновативни тимови и индивидуалци кои имаат идеја што може да го промени начинот на кој живееме, работиме или создадаваме. Програмата овозможува поддршка во вредност од 20.000€ по тим, која вклучува менторство од основачи на успешни стартапи и експерти од индустријата, развивање на бизнис модел, стратегија за настап на пазар и MVP, пристап до инвеститори и компании, како и специјализирана AI поддршка и обуки за развој на proof-of-concept и пилот решенија. Учесниците ќе имаат можност да го користат coworking просторот во Стартап Клуб Скопје и да учествуваат на завршниот Demo Day настан, каде што најдобрите идеи ќе бидат презентирани пред инвеститори, фондови, бизнис ангели од Македонија и Саудиска Арабија.

- Advertisement -

Од сите пристигнати апликации ќе бидат селектирани 30 идеи кои ќе ги презентираат своите концепти на Startup Revolution AI Summit и ќе учествуваат во хакатон кој е дел од селекцискиот процес. Најдобрите 15 тимови ќе продолжат во самата инкубаторска програма #ИмамИдеја3. Процесот на селекција ќе се базира на квалитетот и капацитетот на тимот, пазарниот потенцијал, иновативноста на идејата, како и на степенот на инкорпорација или користење на вештачка интелигенција.

Пријавите се отворени до 18 ноември 2025 година!

- Advertisement -

 Доколку имаш идеја што може да стане првиот македонски unicorn, не ја пропуштај шансата да бидеш дел од новата генерација на македонски иноватори!

Аплицирај сега преку следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScynkEk7bHTXYaniq5Qxdap9YOCFwpknKlK2xaBfvR55hzNfA/viewform

Сподели!
- Advertisement -