Формирана мрежа за финансиска одржливост на граѓански организации

- Advertisement -

Над 70 граѓански организации од земјава се приклучија на неформалната Мрежа за финансиска одржливост на граѓански организации (ГО) со цел да застапуваат поволни промени и законски измени во даночниот третман на граѓанските организации; даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување на статусот на организации од јавен интерес; сметководствениот систем за непрофитни организации; статусот на ГО како работодавачи итн.

Според претставниците на граѓанските организации, финансиската одржливост е клучен предизвик со кој се соочуваат во нивното работење. Менувањето на правната околина во која фунцкионираат би можела да придонесе за градење одржливи граѓански организации што нудат решенија за предизвиците во заедниците.

- Advertisement -

„Мрежата го обединува граѓанскиот сектор за заеднички да застапуваме и да се потпомагаме во остварувањето на финансиска одржливост и развој. Ги гледаме институциите како наш соговорник и партнер во креирањето на регулатива што ќе ги препознава спецификите на граѓанскиот сектор.“, изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Барањата за законски измени и активностите за застапување ќе се базираат на заклучоците и препораки содржани во истражувања и анализи. Една од тие е првата Анализа на Законот за сметководство на непрофитните организации, којашто им беше претставена на учесниците, а е подготвена од Центарот за даночната политика.

- Advertisement -

За обезбедување пристап до носителите на одлуки и координација формиран е меѓу-секториски Советодавен комитет составен од претставници на институции и организации што ќе служи како советодавно тело на мрежата и проектот.

Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации е формирана во рамки на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведувам од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.

Сподели!
- Advertisement -