Јапонска компанија ќе го гради највисокиот дрвен облакодер во светот

- Advertisement -

Јапонската компанија Sumitomo Forestry ги откри плановите за најголемиот дрвен облакодер во светот, кој ќе се гради во центарот на Токио. Дизајниран е од Никен Секеи, ќе биде висок 350 метри и ќе биде дел од проектот W350 Project. Проектот се состои од еколошки градби за мешовита употреба, а треба да биде готов до 2041 година за 350-тата годишнина на Sumitomo, пишува Inhabitat. Од компанијата велат дека овие структури од комбинација на дрво и челик ќе го претворат градот во шума.

Од првичните планови за W350 project може да се види дека ќе се градат дрвени згради исполнети со природна светлина како дел од заложбите на компанијата за поздрава животна средина. Зградите ќе можат да издржат земјотреси, а соодносот на дрвото и челикот при изградбата ќе биде 9 наспрема 1. Во центарот на проектот ќе се наоѓа облакодерот, кој ќе содржи канцелариски простор, хотел, продавници и станови. Кога ќе биде готов, не само што ќе биде највисокиот дрвен облакодер во светот туку и највисоката зграда во Јапонија.

- Advertisement -

Се проценува дека за W350 ќе бидат потребни повеќе од 185.000 кубни метри дрво и ќе чини околу 56 милијарди долари. Рамката за зградата ќе биде направена од челик, а внатрешноста ќе биде целосно направена од дрво.

Сподели!
- Advertisement -