Седум „токсични“ мисли кои мора да ги избришете ако сакате да бидете успешни

- Advertisement -
Делата се резултат на размислување, така што мислите се многу битни. Дали сте некој што размислува и анализира до таа мера да не си ја вршите работата толку ефикасно колку што би сакале? Не сте сами доколку е така. Тоа е одлука на многу луѓе, особено на раководни позиции. Лошата вест е дка тоа мора да се спречи затоа што тоа е причината зошто сте помалку продуктивни и губите време грижејќи се.
1.Се грижите дали им се допаѓате на другите
Тешко дека можете да бидете по вкусот на сите во која било група соработници. На некои ќе им се допаднете, а на други веројатно нема. Концентрирајте се на тоа што го работите и работете го тоа добро. Не се грижете за тоа што мислат или зборуваат другите за вас. Одлично завршете ја својата работа и оставете работата да зборува наместо вас.

2. Се сомневате во сопствените способностиНајголем дел од нас мислиме дека не сме доволно паметни, ниту доволно добри во она што го работиме. Рето кој се чувствува 100% подготвен кога ќе му се укаже некоја прилика. Сепак, новите искуства и новите прилики се укажуваат кога мора да излеземе од сопствената зона на комфорот, понекогаш и пред да бидеме подготвени. Немојте да дозволите стравот да ве спречи да ја вршите својата работа.3.Ве загрижува сопствената неосвршеност

Сигурно вреќе сте го чуле ова, но грижењето за несовршеностите е губење време. Човечки е постојано да трагаме по совршенството: совршена работа, совршен шеф, но совршенството не постои. Подобро на животот да гледате како на постојана еволуција каде што се е подложно на промени.

4.Се плашите од грешки и неуспех

- Advertisement -

Да почнеме со една универзална вистина – сите грешат. Секој некогаш доживеал неуспех, морал да напушти некој проект. Тоа му се случува секому. Проблемот настанува кога стресот ќе стане секојдневие, кога ќе почнете да мислите дека нема спас, дека сте заглавени. Запомнете – вие сте тие кои ја обликувате сопствената иднина, кои ги насочувате сопствените мисли.

5.Се плашите од недоволно самодоверба

- Advertisement -

Сите ние некогаш немаме самодоверба, само што некои тоа добро го прикриваат. Колку повеќе ве мачи немањето самодоверба толку повеќе станува проблем во работата. Концентрирајте се на вептините и способностите кои ги поседувате, а не на тие кои ви недостигаат и постојано одете напред.

6.Се плашите од туѓото мислење

- Advertisement -

Несогласувањето, па дури ни конфликтите не треба да бидат причина за грижа. Прифатете ја конструктивната критика и отфрлете ја негативноста. Мислењето на другите луѓе е битно, но на крајот на краиштата вие можете да сметате само на себеси. Според тоа, верувајте во себе, довозлете инстиктите да ве водат и да ви помгонат кога ви е најпотребно.

7. Се срамите од минатите неуспеси

Ако мислите дека неуспехот е нешто лошо, тешко дека ќе бидете успешни затоа што неуспехот, всушност, е дел од успехот. Без оглед на тоа колку пати ќе доживеете неуспех, не дозволувајте тоа да биде причина за срам. Сите идеи кои нема да успеат се само отскочна штица до идејата која ќе успее.

 

Сподели!
- Advertisement -